Поради големиот пожар во една фабрика, над чилеанската престолнина Сантијаго се надвил облак од густ сив чад, па некои авионски летови биле пренасочувани, а училиштата и градинките затворени.

Пожарот избил во фабрика за градежен материјал во општината Киликура во северниот дел на Сантијаго, а на видео снимките објавени на социјалните мрежи се гледа столб од црн чад кој оди кон небото и се шири над градот носен од ветерот, пренесува “Reuters”.

Во извештајот на пожарната служба и канцеларијата за безбедност на меѓународниот аеродром во Сантијаго се наведува дека чадот не влијаел на работата на терминалот, но се потврдува дека некои авиони кои летаат од југот кон северот на земјата биле пренасочени, пренесуваат локалните медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.