Во невремето кое зафати делови од северена и централна Англија загина една жена, реките се излеаја од коритата, а сообраќајот е нарушен втор ден по ред.

Во градот Шефилд, околу 230 километри северно од Лондон, реката Дон се прелеја по обилните врнежи. Околу 30 луѓе морале да побараат засолниште во блискиот трговски центар.

Метеоролозите наведоа дека во некои делови од Англија паднало количество дожд колку за еден месец.

Денес количеството дожд се намалило, но локалната агенција за заштита на животната средина соопшти дека и понатаму постои опасност од поплави поради претходните врнежи.

Жената настрадала во поплава јужно од Шефилд, додаде агенцијата наведувајќи дека вработените во службата за вонредни ситуации интеревенирале на лице место.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.