Огромна жештина денеска го погоди југо-истокот на Австралија поради големите пожари што беснеат недалеку од градот Аделаида.

Британските медиуми пренесуваат дека голем број луѓе се засолнуваат на блиските плажи, а шест авиони Канадери и пожарникарски екипи се борат против пожарот околу Аделаида, каде досега се уништени или оштетени две куќи.

Има уште работа пред пожарот да го ставиме под контрола, изјави австралискиот премиер Скот Морисон.

„Добро е што немаше ветар, иако беше најавуван“, рече Ивет Даулинг, заменик началник на противпожарната служба во Јужна Австралија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.