Голем пожар во складиште за пиротехника во Москва предизвика серија експлозии.

Огнот се проширил од магацинот до соседната зграда, а вкупната површина на пожарот е 150 квадратни метри.

Складиштето со пиротехника гори, се слушаат експлозии – вели очевидец на пожарот за агенцијата ТАСС.

Противпожарните екипи пристигнале на лице место, но побарале дополнителни единиците, бидејќи пожарот е надвор од контрола.

Огнот зафати петарди и други направи исполнети со барут – соопштија од Службата за итни ситуации.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.