Околу четири милиони луѓе во Германија се регистрирани во шемата за скратено работно време во државата, заради економското забавување предизвикано од пандемијата на коронавирусот. Тоа го соопшти денеска локален институт за истражување, јави ДПА.

Бројот е пресметан врз основа на репрезентативно истражување преку интернет спроведено од фондацијата Ханс Баклер, што го следи германскиот пазар на трудот и е тесно поврзана со синдикатите во земјата.

Од 7.600 вработени анкетирани помеѓу 3 и 14 април, 14 проценти велат дека работат пократко. Ова е еднакво на четири милиони во споредба со целата германска работна сила.

Федералната агенција за вработување информираше дека секоја трета компанија од оние кои имаат право да аплицираат за владина шема го сторила тоа.

Државата покрива 50 проценти од приходите на вработените оставени без работа, или 67 проценти од вработените со деца дома

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.