Јапонската полиција пронашла тело на 23-годишна жена, која била гола врзана за дрво во шума во Хитачиота, во префектурата Ибараки во Јапонија.

Младата жена е идентификувана како Рина Арано, јапонска порно ѕвезда која се водеше за исчезната од 5 јуни.

Рина Арано беше врзана за дрво без облека и е мртва речиси две недели… Се уште се обидуваме да ја утврдиме причината за смртта – се вели во соопштението на полицијата.

Според првичните наоди од обдукцијата било утврдено дека младата актерка имала фрактура во хиоидната коска (коска под јазикот и вилицата која делува како додаток за повеќето предни мускули на вратот, гркланот, епиглотисот и фаринксот).

„Јапан Тајмс“ објави дека полицијата го уапсила Хиројуки Санпеи како главен осомничен за киднапирањето и убиството на Арано.

Инспекторите се сомневаат дека Хиројуки Санпеи и Рина Арано се сретнале на железничката станица во Мито, откако двајцата размениле неколку пораки на социјалните мрежи. По нивната средба, Хиројуки Санпеи, се чини, се обидел да ја одведе актерката во неговиот дом во Хитачиота.

Сообраќајна камера го идентификувала автомобилот на Санпеи како вози по шумска патека која минува многу блиску до местото каде што било пронајдено телото на Рина Арано.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.