Рускиот претседател Владимир Путин денеска се обраќа на големата прес-конференција, која традиционално ја одржува на крајот на секоја година. Сепак, оваа година, поради пандемијата на корона вирусот, настанот се одржува преку видео врска.

Домашните и странските новинари се сместени сместени во Меѓународниот трговски центар во Москва, а ги има вкупно 237.

Конференцијата почна на пладне по московско време, а Путин зборува од својата резиденција во Ново-Огариово, каде што е поставен голем видео бим.

Првата конференција се одржа во 2001 година и траеше 95 минути, а најдолгата беше во 2008 година, која траеше четири часа и 40 минути.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.