Системот за дистрибуција на вакцини Ковакс планира да испорача 1,8 милијарди дози на посиромашните земји оваа година и очекува побогатите земји да ги исполнат своите обврски во таа насока во втората половина на годината.

Ковакс, кој е дизајниран да им овозможи на сите еднаков пристап до вакцините против Ковид-19, а кој заеднички го водат Алијансата за вакцини ГАВИ, Светската здравствена организација и други, рече дека 1,8 милијарди дози ќе бидат доставени до 92 земји кои ги исполнуваат условите и дека тоа би одговарало на приближно 27 проценти од покриеноста на населението во тие земји.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.