Осумнаесетгодишниот Џером Канкел минатиот месец почна легална акција против неговото училиште, откако му беше забрането да доаѓа, поради тоа што одбиваше да се вакцинира против морбили. Неговиот адвокат, Кристофер Вејст, вчера пред американските медиуми објави дека Канкел се заразил со мали сипаници минатата недела.

Тинејџерот, кој живее во Кентаки, одбил да се вакцинира поради религиски убедувања.

Во неговата тужба против училиштето вели дека неговите права се нарушени затоа што вакцината е „аморална, илегална и грешна“.

Училиштето ги банира сите невакцинирани ученици, откако 32 деца заболеа од морбили. Забраната дојде по препораката на здравствените власти од Северно Кентаки, кои во април донесоа одлука на сите невакцинирани деца да им се забрани посета на часовите и додатните активности.

Адвокатот на Канкел додаде дека неговиот клиент не жали што не се вакцинирал.

Таткото Бил Канкел, пак, додаде дека вакцините доаѓале од абортирани фетуси, што одело против нивните религиозни погледи.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.