Мајк Помпео се дерел, викал, пцуел по новинарката Мери Луиз Кели по интервјуто кое го прекинал, незадоволен бидејќи му поставила прашања за Украина.

За интервјуто со американскиот државен секретар кое се случило во Стејт департментот се огласи „Нешенел паблик радио (НПР)“.

Помпео не сакал да одговори на повторените прашања за Украина и за американската амбасадорка во Киев. Тој се согласил на интервјуто бидејќи требало да се зборува за политиката на американската администрација во Иран.

Во соопштението од НПР се истакнува дека после прашањата за Украина, завршило интервјуто.

Помпео станал и гледал во Кели неколку секунди, а потоа ја напуштил собата. Неговиот соработник ја замолил Кели да дојде во неговата канцеларија, без диктафон, се наведува во соопштението на НРП. Помпео неколкупати гласно изразил незадоволство поради прашањата за Украина, а повеќепати употребил пцости и ја прашал новинарката: Дали мислите дека на Американците им е гајле за Украина?

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.