Брентон Тарант, кој изврши масакр во џамија во Нов Зеланд и уби 49 лица, работел во теретана „Биг ривер џим“ во Нов Јужен Велс во Австралија, две години откако завршил со школувањешколувањето.

Дал отказ од работа и заминал на пат низ Европа и Азија. Бил многу загреан за работата и работел дури и бесплатни тренинзи за деца. Неговите познаници мислат дека во текот на патувањето се сменило нешто во начинот на неговото размислување, затоа што пред тоа бил сосема нормален, пренесува Еј-би-си.

Татко му починал од болест поврзана со азбестоза, а сестра му и мајка му се живи.

Пријателите на Тарант се во шок и сѐ уште не можат да поверуваат дека тој учествувал во крвавиот поход, што го започнал со зборовите: „Нека почне забавата“, а во автомобилот слушал народна музика, а меѓу песните била и „Remove Kebab”, химна на движењето кое сака да се ослободи од муслиманите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.