Американскиот претседател, Џо Бајден, ги повика демонстрантите во Минеаполис, кои излегоа на улиците по полициското убиството на 20-годишнато црно момче, Донте Рајт, да се воздржат од насилство и побара да се утврди одговорноста за овој немил настан.

Ова е навистина трагичен настан, но мора да почекаме на резултатите од истрагата. Во меѓувреме, би сакал уште еднаш да бидам јасен: Нема апсолутно никакво оправдување за насилството. Мирните протести се разбирливи. Додека чекаме целосната истрага да заврши, знаеме што треба да правиме за да одиме напред: да ја вратиме довербата и да ја осигуриме одговорноста за никој да не може да се стави над законот – рече Бајден.

Шефот на полицијата во населбата Бруклин Центар, каде што се случи убиството, Тим Ганон изјави дека полицајката која го убила во Рајт тоа го сторила „случајно“, бидејќи место „шокер“ по грешка земала пиштол.

Поради насилните протести во Минеаполис беше воведен полициски час.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.