Главниот германски вирусолог Кристијан Дростен очекува дека светот, во однос на пандемијата, нема да се врати во „нормалноста“ долго време и рече дека не верува во можноста за слободно патување во текот на летото.

За јавниот сервис АРД, Дростен предупредува на влошување на епидемиолошката состојба на пролет. Тој рече дека по Велигден сè уште нема да има доволно вакцинирани луѓе и предупреди дека ако тогаш се олабават мерките, ќе има ново силно ширење на коронавирусот.

Тој е скептичен дека ќе биде можно слободно патување во текот на летото. Дростен смета дека засилените контроли на границата и намалениот воздушен сообраќај се корисни.

Ако имаме силна инфекција во земјата, тогаш не е многу важно дали се додава нешто однадвор, но ние веќе минавме голем дел од патот и затоа мора да бидеме внимателни што доаѓа од надвор, објасни тој.

Пандемијата, според него, не може да се прогласи за победена.

Овој вирус не е безопасен. Не може да се појде од тоа дека се опфатени ризичните групи и да се прогласи победа над пандемијата. Потребно е постепено да се олеснуваат мерките и секогаш да се анализира како тие функционираат, подвлече тој.

Што се однесува до 2022 година, Дростен е уверен дека ситуацијата ќе изгледа подобро.

 Во текот на летото, за една и пол година, мислам дека ќе можеме повторно да славиме сосема нормално, рече германскиот вирусолог.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.