Балвиндер Синг Гуман си ја убил сопругата и нејзината мајка во северен Квинсленд и добил доживотна казна затвор, пренесува тамошниот медиум „Еј-Би-Си“. Според сторијата четириесет и шестгодишникот на 14 март 2016 година се обидел да изврши убиство и врз таткото на сопругата, а ја ранил и својата ќерка.

Обвинетиот признал дека неговите дејствија придонеле за смртта на двете жени, но одбраната тврдела дека тој пати од параноидна шизофренија и алкохолизам. Тој дошол од северна Индија со надеж за подобар живот, а му бил и договорен брак. Зборувајќи преку преведувач, Гуман изјавил дека тој брај му донел 50 отсто среќа, а 50 отсто несреќа.

На 14 март, сопругата и нејзината мајка му рекле дека сакаат тој да го напушти семејството, па потоа Гуман ја избодел 23 пати својата сопруга во вратот, главата и градите. Потоа следела нејзината мајка, па го прободел и нејзиниот татко, но и сопствената ќерка која се обидувала да и помогне на мајката која умирала.

На судот било кажано оти Гуман верувал дека во неговото такси влегувале „геј луѓе и му се додворувале“, дека луѓето околу него зборуваат за детали од неговиот сексуален живот, како и оти братот на неговата сопруга ставил камера во нивната спална соба со намера да дојде до секс видеа.

– За да не мислам на тоа, пиев – рекол Гуман.

Дваесетгодишната Манраџ кажала дека посакува таа да е мртва, а не нејзините мајка и баба.

– Тие нема да ме видат кога ќе дипломирам на факултет следната година – додала таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.