Човек во Италија ги убил своите два малолети сина по што се самоубил.

Како што објавија италијанските медиуми, трагедијата се случила во Требалесеге, во регионот на Падова. Братот на таткото убиец, повикал полиција откако ги открил трите крвави тела во нивниот дом.

Алесандро Контин (49) смртно ги прободел синовите Франческо (15) и Пјетро (13), најверојатно додека спиеле, по што со пиштол си го одзел животот.

Истрагата се уште трае, а шрвично нема индиции што било мотивација за таквата постапка на таткото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.