Во болница во Олбени, каде што бил пренесен од затворот во Њујорк, починал Ронадл Дефео, човекот на возратс од 69 години кој беше осуден за убиство на неговите родители, како и четирите браќа и сестри во семејната куќа.

Дефео бил пренесен во болница на почетокот на февруари, а причината за смртта сè уште не е позната.

Тој издржуваше 25-годишна казна за убиствата во 1974 година во Амитвил, предградие на Лонг Ајленд. Грозоморниот криминал на Дефео подоцна ги инспирираше книгата и филмот „Ужасот од Амитвил“.

За време на судењето, Дефео се повикуваше на лудило, велејќи дека слушал гласови што го натерале да го убие своето семејство. Тој во 1992 година побара повторно судење, тврдејќи дека неговата 18-годишна сестра ги убила другите пет членови на семејството, а дека тој ја убил само неа, но ново судење немаше.

Го сакав моето семејство – изјави Дефео на сослушувањето во 1999 година.

Семејната куќа каде што е извршено злосторството стана основа на хорор класиците откако друго семејство, кое живеело таму кратко време околу една година по убиствата, тврдело дека куќата ја прогонуваат духови.

Книгата и три филма, од 1979 година и римејк дела од 2005 и 2017 година, прикажуваат куќа во која се слушаат чудни гласови, се движи мебел и други натприродни феномени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.