Виетнамска полиција запленила повеќе од 320.000 употребени кондоми кои илегално повторно биле продавани.

Локални медиуми објавија фотографии од десетици кеси полни со кондоми тешки вкупно 360 килограми, што неодамна биле откриени во складиште во јужната провинција Бинх Дуонг. Жена за која се верува дека е сопственик на складиштето е уапсена.

Кондомите биле перени, преобликувани со дрвен вибратор и пакувани, пред повторно да се најдат на пазарот.

Уапсената жена изјавила дека плаќала 0,17 долари за килограм кондоми, објави државната телевизија ВТВ.

Не е познато колку вакви кондоми биле продадени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.