Десетици млади жени во Италија станале сексуални жртви на човек кој ги намамувал преку наводна аудиција за филм, по што ги злоупотребувал. Човекот организирал лажни кастинзи за амбициозни млади актерки, а потоа ги силувал.

Тој е уаспсен од полицијата во Милано, а како што објавуваат италијанските медиуми, тој имал историја на измами, проневери, лажни документи и сексуално насилство. Истрагата против него била почната на 11 јули минатата година, по пријава од девојка која неодамна станала полнолетна.

При поднесувањето на пријавата, девојката изјавила дека телефонски била повикана на кастинг за актерки за снимање на филм со  наслов „Силата на љубовта“. Жртвата се пријавила на кастингот преку интернет страница што била во сопственост на агенција. Во седиштето на агенцијата таа била жртва на сексуално злоставување од човекот кој се претставил како директор на кастингот.

При истрагата биле обелоденети идентитетите на уште најмалку три други жртви, девојки на возраст од 23 до 29 години, чии сведочења покажале дека приведениот злосторник ја употребил истата шема врз нив. Лажните кастинзи, во нивните случаи, биле организирани за наводна продукција на два други филма.

Истовремено, за приведениот се води истрага и од Јавното обвинителство во Рим, за слични случаи во периодот од септември 2019 до јули оваа година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.