Во Италија е регистриран шестиот смртен случај од коронавирус, а станува збор за жена која боледувала од канцер.

Таа вчера е префрлена во болница во Бреша, вториот по големина град во областа Ломбардија, каде било утврдено дека е заразена со новиот коронавирус.

Тоа е петта жртва во областа Ломбардија, а едно лице почина во областа Венето.

Шефот на државната служба за цивилна заштита Анџело Борели изјави денеска дека 219 лица во Италија се заразени со Ковид-19.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.