Експертите од германскиот државен Епидемиолошкиот институт Роберт Кох денеска предупредија на прекумерната еуфорија поради вакцината против Ковид-19, истакнувајќи дека поради разни неопходни проверки вакцинацијата би можела да потрае и подолго од една година.

Ќе ни треба време за прецизна анализа за пуштање на вакцината и дури потоа ќе дадеме свое мислење, а потоа ќе уследи испорака на вакцината, изјави претседателот на Постојаната комисија при Институт Роберт Кох,Томас Мертенс.

Претседателот на Комисијата, која во Германија дава препорака за вакцините нагласи дека вакцинацијата на Германците можеби ќе трае целата следна година.

Не можеме да извршиме вакцинација за една година: ако дневно, пет или шест дена неделно вакцинираме од 150.000 до 200.000 граѓани, секако под услов да имаме вакцини, доаѓаме до заклучок дека за 15 милиони граѓани потребни ни се 100 дена, истакна Мертенс.

Според анкетите над 50 проценти од 83 милиони Германци се подготвени да се вакцинираат против Ковид-19.

Вакцината во Германија нема да биде задолжителна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.