Претседателот на Здружението на германски наставници, Хајнц Питер Мејдингер побара носењето маски да биде задолжително во училниците како заштита од корона вирусот.

Оние што сакаат целосна настава не можат да ја избегнат задолжителната употреба на маски – изјави Мејдингер.

Ваквото барање тој го аргументира дека во повеќето делови на Германија, се бара да се носат маски во супермаркетите, јавниот превоз и на големи собири, но не и во училиштата.

Засега, само во Северна Рајна-Вестфалија, учениците и наставниците се должни да носат маски за време на часовите, но и некои други германски држави размислуваат за воведување на оваа мерка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.