Планот на Европската Унија за економско закрепнување од корона-кризата наиде на пречка, бидејќи пред германскиот Уставен суд беше покренато прашањето за уставноста на заедничкото преземање на долгот на Унијата од 27 члена.

Земјите-членки на ЕУ во јули минатата година се согласија да издаваат заеднички обврзници на меѓународните финансиски пазари преку Европската комисија, со цел да соберат 750 милијарди евра за да се ублажат негативните ефекти од пандемијата на коронавирусот врз националните економии.

Иако земјите на ЕУ носат многу политички одлуки заедно, секоја земја има целосна контрола над своите фискални аранжмани. Прифаќањето на заедничкиот долг се покажа контроверзно за фискално поконзервативните земји на Унијата, кои стравуваат дека тоа ќе резултира со поголем товар на нивните даночни обврзници.

Невладината организација во Германија, „Алијанса на волјата на граѓаните“ поднесе жалба до Уставниот суд на земјата, во која се наведува дека европските договори не дозволуваат заедничко задолжување.

Како резултат на тоа, германскиот суд во петокот запре закон со кој ќе се отвори патот на Европската комисија да влезе на пазарот на долгови и да собере средства за Фондот за наплата.

Германските судии соопштија дека морале да донесат превентивна одлука за привремена забрана на законот.

Свесни сме дека Фондот за наплата е политички проект за кој веќе е одлучено. Сепак, имајќи ги предвид значителните ризици, федералната влада треба да осигури дека позајмувањето на ниво на ЕУ и заобиколување на фискалните правила нема да стане трајно решение – се вели во соопштението на германскиот Уставен суд.

Одлуката на германскиот суд дојде и покрај фактот дека минатата недела 478 од 645 членови на германскиот Парламент дадоа „зелено светло“ за ратификација на заедничкиот закон за долгови на ЕУ.

Вкупно 22 од 27 земји-членки на ЕУ досега го усвоија законот или треба да го завршат процесот следниот месец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.