Министерот за надворешни работи на Германија, Хајко Мас е оптимист дека летните одмори во странство ќе бидат можни оваа година.

Мас денеска ќе разговара со своите колеги од Шпанија, Австрија, Италија, Грција, Хрватска, Португалија, Малта, Словенија, Кипар и Бугарија преку видео конференција за олабавување на патните ограничувања.

Целта на средбата е координирана акција за отворање на границите за туристите.

Германија има намера да го задржи предупредувањето за патувањето за целиот свет до 14 јуни, но потоа Мас сака постепено да се откаже предупредувањето, доколку нема бран враќање на новиот коронавирус. Прво, предупредувањето ќе биде укинето за европските земји.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.