Германскиот министер за здравство Јенс Шпан, предупреди дека Германија влегла во одлучувачката фаза на пандемијата на корона вирусот.

Шпан истакна дека ситуацијата е сериозна и оти ноември ќе биде тежок месец.

Еден ден откако Германија воведе делумно затворање за да го забави ширењето на вирусот и да се овозможи да не биде преоптоварен здравствениот систем, Шпан соопшти дека е се поголем бројот на луѓе на кои им енеопходно приклучување на респиратор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.