Германскиот министер за економија Роберт Хабек, во разговор со германските медиуми, порача дека проширување на економската соработка со Русија на подрачјето на обновливите извори на енергија, би можело да помогне да се намали тензијата околу Украина.

Би требало да размислуваме и за нови подрачја на соработка, што може да им помогне и на двете страни да излезат од позицијата на конфликт – изјави министерот во интервју за „Дер Шпигел“.

Коментирајќи ја можноста за исклучување на Русија од меѓународниот платен систем Свифт, членот на Партијата на зелените, изјави дека „општото набројување на санкции“ нема смисла.

Тоа е крајната економска санкција – напомена тој, нагласувајќи дека целта му е да се намали напнатоста.

Водечките руски и американски дипломати во текот на денот треба да се сретнат во Швајцарија за повторно да разговараат околу зголемената напнатост во врска со Украина, откако претходните состаноци не доведоа до напредок.

Германската министерка за надворешни работи, Аналена Баербок, вчера ја повика Русија да прекине со политиката на зголемување на напнатоста. Баербок предупреди дека во случај на агресивни потези, Русија ќе се соочи со низа санкции.

Германија е подготвена да ги брани своите суштински вредности во сегашниот ќор-сокак, па дури и ако мора да плати висока економска цена – изјави Баербок во Москва.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.