Германскиот амбасадор во Кина, Јан Хекер почина само две недели по преземањето на функцијата, објави германското Министерство за надворешни работи.

Јан Хекер (54), кој претходно беше советник на канцеларката Ангела Меркел, ја презеде функцијата во амбасадата во кинеската престолнина на 24 август.

Според Ројтерс, причината за неговата смрт не е објавена.

Со длабока тага и изненадување ја примивме веста за ненадејната смрт на германскиот амбасадор во Кина – се наведува во соопштението на германското министерство.

Хекер во петокот во својот дом беше домаќин на настан посветен на германскиот уметник Џозеф Бојс, и, според зборовите на еден од гостите, изгледал „среќно и здраво“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.