Покраинскиот суд на Германија дозволи да се одржуваат масовни протести против ограничувањата воведени поради корона вирусот, откако градот Берлин ги забрани ваквите демонстрации.

Полициските вооружени сили го прекинаа вчерашниот митинг, отстранувајќи стотици демонстранти со камиони. Револтирани од забраната, за која градските власти тврдат дека е воведена затоа што демонстрантите не носеле маски и не држеле дистанца на претходните настани, активистите викендов испратија илјадници апликации до градските власти за протест.

Дозволено е да се одржат собири, кои неколку иницијативи планираат да ги одржат на 29 август против политиките кон федералната и провинциската влада на пандемија на корона вирус – се вели во судската одлука.

Германија е поуспешна од многу европски земји во контролата на корона вирусот и има ниска стапка на смртност.

Сепак, бројот на заразени се зголемува во последните неколку недели, како и во повеќето земји.

Вчера канцеларката Ангела Меркел апелираше до граѓаните да не се опуштаат во борбата против вирусот.

Ова е сериозна работа, исто како и до сега. Треба сè уште да ја сфаќате сериозно – порача Меркел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.