Тројца германски скијачи загинаа во лавина на австриските Алпи, а уште едно лице се води за исчезнато, јави полицијата.

Скијачите биле на возраст од 57, 36 и 32 години, а нивните тела се извлечени синоќа, неколку часа откако биле пријавени за исчезнати.

Полицијата соопшти дека морале да прекинат со потрагата по четвртиот Германец, поради големите наноси од снег и ризикот од лавина.

Властите во јужна Германија и Австрија вчера го искористија мирното време за да ги исчистат големите снежни наноси од покривите и патиштата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.