Германскиот парламентарец Александер Ној е согласен со изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон за кризата во НАТО, додавајќи дека распаѓањето на тој пакт е добредојдено за него, пренесува „Спутник“.

САД и Турција му копаат гроб на НАТО и го експлоатираат исклучиво за сопствена корист. Америка до неодамна тежнееше исклучиво кон остварување на нејзините интереси, вклучувајќи го и она што го правеше преку НАТО, а веќе неколку години сме сведоци дека и Турција го следи тој тренд. НАТО се распаѓа, а јас го чекам тоа со раширени раце – вели тој.

Изјавата на Ној следи речиси една недела откако Макрон прогласи мозочна смрт на НАТО, алудирајќи на непредвидливоста и на неможноста за потпирање на САД, додека претседател е Доналд Трамп.

Меѓутоа, изјавата на Макрон наиде на критики кај германската канцеларка Ангела Меркел и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кои го критикуваа францускиот претседател поради употребата на драстични изрази, истакнувајќи дека НАТО треба да остане главен столб на гаранцијата на германската безбедност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.