Германската полиција го блокираше пристапот до универзитетската болница во Хановер, каде моментно е сместен еден застрелан член на црногорската мафија.

Германски специјалци вооружени со автоматски пушки патролираат по ходниците на одделот за интензивна нега на болницата. Полицијата не сакаше да каже зошто ги спроведуваат ваквите мерки, но германските медиуми објавија дека чувале член на мафијата од висок ранг, кој дошол минатата недела во овој германски град од Црна Гора.

Мажот, наводно, бил пренесен од тамошната болница, каде не можеле да му помогнат зашто во телото имал 27 куршуми.

Тој бил пренесен од аеродром во болницата под силни безбедносни мерки, а ќе мора самиот да ги плати медицинските трошоци од повеќе илјади евра , бидејќи нема германско здравствено осигурување.

Медиумите пишуваат дека најверојатно станува збор за Игор Крстовиќ, кој бил повреден пред неколку недели, додека бил во неговиот автомобил. Тој е уште една жртва на пресметката на двата црногорски клана од Котор, што ја контролираат трговијата со дрога.

Откако во 2013 исчезнаа 200 килограми кокаин од пристаништето во Валенсија, пред тоа пристигнат од Јужна Америка, групата се раздели и почна крвавата пресметка меѓу клановите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.