Германската авиокомпанија „Луфтханза“ ќе укине 800 работни места во филијалата на „Остријан ерлајнс“.

„Луфтханза“ соопшти дека ќе укине 700 до 800 работни места во својата подружница во Австрија, што е повеќе од една десетина од работната сила, бидејќи сака да ги намали трошоците настанати заради зголемената конкуренција.

Карстен Шпор, извршен директор на Lufthansa, изјави дека со тоа ќе заштеди и до 90 милиони евра годишно до 2021 година, објави „Анадолу“.

Намалувањето на работните места ќе се спроведува во наредните две години.

Најавата за укинување на работни места дојде откако „Луфтханза“ минатата недела се соочи со голем штрајк на германскиот кабински персонал, поради што беа откажани околу 1.300 летови.

Компанијата на Твитер соопшти дека мора да откаже скоро 700 летови планирани за четврток и околу 600 летови за петок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.