Германија, заедно со уште четири други членки на ЕУ, покрена иницијатива за формирање воени единици за брза интервенција, објавија денеска германските медиуми.

Концептот предвидува понатамошен развој на постојната борбена група на ЕУ во единици кои би можеле да интервенираат „брзо и интензивно“ во сите делови на светот.

Неодамнешните настани во Авганистан уште еднаш покажаа дека ЕУ мора да биде способна да интервенира робусно и брзо“, се вели во документот потпишан од Германија, Португалија, Финска и Словенија, во кој имаше увид ДПА.

Овие пет земји предлагаат да се овозможи формирање „коалиција на волјата“ надвор од рамките на членот 44 од Договорот за Европската унија, со која се регулира јурисдикцијата во случај на интервенција, што би овозможило поголема флексибилност и „модуларна акција“ за поддршка на Брисел во управување со кризи.

Новата единица ќе брои до 5.000 војници. Сегашниот концепт на борбената група на ЕУ предвидува две единици со по 1.500 војници, а составот на единиците се менува на секои шест месеци. Оваа борбена единица досега не дејствувала на терен. За документот насловен „Повеќе подготвеност, поголема флексибилност, повеќе соработка – заедничко кон ново ниво на управување со кризи во ЕУ“ треба да се разговара до следната пролет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.