Во пресрет на утрешните парламентарни избори во Германија, пуштена е во продажба лимитирана серија златници со ликот на канцеларката, Ангела Меркел.

Продажната вредност на монетата почнува од 49,95 евра, соопшти колекционерската куќа МДМ.

Златникот тежи 0,58 грама, чисто злато, примерок 999. Неговата големина изнесува 12,5 милиметри, а изработени се 5.000 парчиња.

На монетата се наоѓа ликот на Ангела Меркел и изгравирана е 2005 година, кога таа ја презеде функцијата канцелар на Германија.

Серијата златни монети е издадена во чест на највлијателната жена во светот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.