Оваа војна е војна на Путин – рече германскиот канцелар Олаф Шолц на прес-конференција во Берлин, додавајќи дека санкциите треба да бидат насочени кон рускиот претседател Владимир Путин и оние кои ја поддржуваат војната во Украина.

Усвоивме остри, конкретни санкции против многу руски функционери, олигарси и моќни групи во Русија и секако ќе продолжиме да преземаме понатамошни чекори. Но, ако сега ги прошириме тие мерки на сите, вклучително и целосно невини луѓе, тогаш тоа ќе ја намали ефикасноста на овие санкции“, рече тој.

Претходно оваа недела, Финска и Естонија ги повикаа другите членки на ЕУ да престанат да издаваат туристички визи за руските граѓани како одговор на руската војна против Украина.

Естонија денеска објави дека ќе им забрани на руските државјани со валидни визи да влезат во земјата.

„Посетата на Европа е привилегија, а не човеково право“, објави во вторникот на Твитер естонската премиерка Каја Калас, наведувајќи дека сега е „време да се запре туризмот од Русија“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.