Германија „преоѓа во офанзива“ и станува „движечка сила“ во дебатата на ЕУ за нафтено ембарго против Русија, пишува „Шпигел“.

Сепак, воведувањето на новите санкции и воведувањето забрана за руската нафта, многу веројатно тешко ќе ги погодат другите земји од ЕУ, како што се Унгарија, Австрија, Шпанија, Италија, Грција и Словачка.

Истовремено, и САД се скептични за воведувањето ембарго на руската нафта во ЕУ. Официјален Вашингтон стравува од пораст на цените на суровата нафта на светскиот пазар, а со тоа и зголемување на цената на бензинот во САД. Тоа, пак, може да предизвика резултатите од ноемвриските избори за Претставничкиот дом, за владејачките демократи да бидат уште полоши од претходно очекуваните.

Дополнително, скептицизам има и во самата Германија, каде што постои стравување дека доколку се усвои шестиот пакет санкции, Русија како одговор ќе го затвори вентилот за гас.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.