Кризата со подморниците меѓу Франција, САД и Австралија е „алармен сигнал за сите во ЕУ“, предупреди германскиот државен секретар за европски прашања Михаел Рот во Брисел.

Треба да се запрашаме како да создадеме услови за нашиот суверенитет, како можеме да покажеме повеќе единство во надворешната политика и безбедносните прашања – изјави Рот, пристигнувајќи на состанокот на европските министри.

Кризата меѓу Франција, САД и Австралија го доведе во прашање одржувањето на првиот состанок на новоформираниот трговски и технолошки совет, закажан да се одржи следната недела во Питсбург.

Амбасадорите на ЕУ ги одложија подготовките за состанокот во Питсбург на 29 септември. Според дипломатски извори, Французите предложиле да се одложи состанокот во Питсбург.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.