Германија се ближи до продолжување на „локдаунот“ на уште три недели за да се спречи ширењето на пандемијата на ковид-19 и да се овозможат фамилијарни собири за време на Божиќ, изјавија денеска властите на германските покраини.

Германија на втори ноември ги затвори баровите, рестораните и останатите локали на еден месец.

Училиштата и продавниците останаа отворени додека собирите се ограничени на најмногу 10 лица од две домаќинства, пренесува Ројтерс.

Премиерот на Саксонија, Анхалт Рајнер Хеселоф на прес-конференција изјави дека постои генерален договор моменталните мерки да бидат продолжени за околу три недели.

Бројот на новозаразени од коронавирус во последните 24 часа во Германија порасна за 10.846 на вкупно 929.133.

Премиерите и Меркел во среда ќе разговараат за мерките против коронавирусот и правилата за божиќните и новогодишни празници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.