Деветти ден по ред седумдневната инциденција во Германија бележи раст и изнесува 95,1. Епидемиолозите предупредуваат од брз раст на бројот на ковид-случаи во наредните недели, а и лекарите на интензивна нега алармираат, пишува „Дојче веле.

Институтот Роберт Кох (РКИ) рано изутрината објави дека бројот на нови инфекции на 100.000 жители во рок од една недела сега изнесува 95,1. Ова е првпат од средината на мај инциденцијата да надмине 90, а пред една недела изнесуваше  68,7. Здравствените заводи пријавиле 19.572 нови инфекции во РКИ во последните 24 часа, а бројот на пријавени смртни случаи од Ковид-19 изнесува 116.  Пред една недела беа регистрирани 65 смртни случаи. Бројот на заболени од Ковид-19 примени на клиниките на 100.000 жители во рок од седум дена – најважниот параметар за евентуално заострување на  рестрикциите – според РКИ вчера изнесувал 2,45. Кај овој индикатор мора да се земе предвид дека приемите во болница делумно се пријавуваат со задоцнување.

Целиоте текст овде.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.