Германија ќе мора да ги продолжи сегашните ограничувачки мерки во декември за да се потисне пандемијата на коронавирус, соопштија официјалните лица.

Германија на 2 ноември воведе едномесечна блокада, со цел да се спречи вториот бран на пандемијата, кој го поплави поголемиот дел од Европа, но бројот на заразени не се намалува.

Сè укажува на фактот дека сегашните ограничувачки мерки ќе мора да бидат продолжени по 30 ноември, рече германскиот министер за финансии Олаф Шолц за „Билд ам Зонтаг“.

Баровите и рестораните се затворени, но училиштата се уште се отворени. Приватните собири се ограничени на 10 лица од две домаќинства.

Лидерот на баварската христијанско-социјална унија, Маркус Зедер, рече дека во идеални услови, мерките ќе бидат продолжени за три недели.

И покрај тоа што бранот на пандемијата веројатно е разбиен, за жал, бројот на заболени постојано расте. Единиците за интензивна нега продолжуваат да се полнат и бројот на смртни случаи расте. Затоа, не можеме да кажеме дека сè е готово, рече Зедер.

Тој изјави дека киносалите, баровите и хотелите ќе останат затворени, дека ќе бидат забранети огномет и петарди, како и алкохол на големите јавни плоштади за новогодишната ноќ.

На 25 ноември, канцеларката Ангела Меркел ќе се сретне со државниот врв, со кого ќе разговара за новите рестрикции и проширување на постоечките.

Шолц рече дека во случај на продолжување на мерките за ограничување, ќе биде продолжена финансиската поддршка за погодените компании, но тој нагласи дека понатамошното обештетување од 75% од изгубениот приход ќе биде предизвик според европските закони за конкуренција

Овде станува збор за зачувување на средствата за егзистенција, затоа мора да дејствуваме на прагматичен, не бирократски и паметен начин, рече Шолц.

Бројот на потврдени случаи на заразени во Германија се зголеми за 15.741 на 918.269, според податоците од Роберт Кох Институтот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.