Германија ќе се соочи со влошување на хаосот на аеродромите во среда, бидејќи синдикатот „Верди“ ги повика работниците на Луфтханза на еднодневен предупредувачки штрајк.

Во среда, патниците на Луфтханза ќе мора да ги поднесат доцнењата и откажувањата на летовите.

Синдикатот повика на штрајк поради тековните преговори за зголемување на платите на околу 20.000 вработени лица од земја, како техничари, логистичари и други без кои авионите не можат да полетаат.

„Верди“ ја одби првата понуда на Луфтханза, а преговорите беа договорени за 3 и 4 август.

Синдикатот бара зголемување од 9,5 отсто, а предупредувачкиот штрајк ќе се одржи во среда од 03:45 до 6 часот во четврток.

На штрајк повикани се вработените на аеродромите во Франкфурт, Дизелдорф, Келн, Хамбург, Минхен, Берлин, Бремен, Хановер, Штутгарт.

Луфтханза оцени дека штрајкот е неприфатлива мерка за патниците, а штрајкот што ги покрива сите аеродроми не може, велат, да се смета за предупредувачки штрајк.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.