Германија ќе прифати уште 1.500 мигранти од грчките острови, се согласија канцеларката Ангела Меркел и министерот за внатрешни работи Хорст Зехофер.

Повеќе од 12.000 мигранти, претежно од Авганистан, Сирија и Африка, останаа без покрив над главата по пожарот во преполниот камп Мориа на грчкиот остров Лезбос.

Извори од германската влада изјавија дека Германија ќе се грижи за мигрантите чии барања за азил се веќе прифатени и додадоа дека не станува збор само за бегалци од Лезбос.

Вкупно, на островите во Грција има околу 30.000 бегалци и мигранти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.