Германската Комисија за вакцини ја одобри вакцината против корона вирусот произведена од компанијата „АстраЗенека“ и Универзитетот во Оксфорд за употреба кај лица повозрасни од 65 години.

Комисијата за вакцини донесе одлука даја препорача вакцината на „АстраЗенека“ , исто така и за лицата постари од 65 години. Ова е секако добра вест за постарите лица, кои чекаат за вакцина – изјави германскиот министер за здравство Јенс Шпан.

Официјален Берлин досега не ја препорачуваше оваа вакцина за лицата над 65-годишна возраст, но, како што наведе германската канцеларка Ангела Меркел „неодамнешното истражување обезбедило елементи што  овозможуваат зголемување на максималната возраст за употреба на вакцината“.

Меркел се повика на на најнови британски истражувања што ја покажале големата ефикасност на „АстраЗенека“ кај најстарите.

Француската Влада пред два дена ја одобри оваа вакцина и за лицата на возраст меѓу 65 и 75 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.