Германија одлучи да им даде можност на сите граѓани што сакаат да се вакцинираат против Ковид-19 да бидат запишани во списоците без какви било услови.

По завршувањето на приоритетната програма за регистрација, што ја ограничи кампањата за вакцинација на лица над 60 години и некои приоритетни групи, сега сите германски граѓани над 12 години ќе може да се вакцинираат.

Сепак, во моментов нема нема доволно дози за сите германски граѓани, коментира агенцијата ДПА

Затоа, водечките германски лекари и министерот за здравство, Јенс Шпан, ги повикаа луѓето да бидат трпеливи со завршувањето на приоритетните вакцини.

Во исто време, повеќе од 6.000 приватни компании во Германија почнуваат свои кампањи за вакцинација. Вкупно околу три милиони дози месечно се очекува да им бидат дадени на вработените и на членовите на нивните семејства.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.