Германија в недела ќе ги затвори своите граници со Австрија и Чешка поради опасност од ширење на мутирани видови на коронавирусот, соопшти денеска германското Министерство за внатрешни работи.

Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер одлучи да воведе привремени контроли на граничните премини кон Чешка, покрај граничните контроли кон Австрија, кои постојат од бегалската криза, соопшти Министерството.

Целта на тие мерки е да се спречи ширењето на мутирани видови на коронавирусот во Германија.

Од тие области, забранет е влез во Германија, со исклучок на германски државјани и странци со постојан престој во Германија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.