Германското министерство за надворешни работи го оцени како загрижувачки коментарот на шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, кој истакна дека неговата земја е подготвена да ги заостри односите со ЕУ доколку европскиот блок од 27 земји-членки воведе економски санкции кон Русија.

Овие изјави се навистина загрижувачки и неприфатливи – истакна портпаролка на германското МНР, а владиниот портпарол Штефен Зајберт додаде само дека се согласува со истото.

Портпаролката на германската дипломатија ги пренесе оценките на министерот Хајко Мас, кој не ја отфрли можноста за нови санкции, но истовремено нагласи дека е важно да се одржи дијалогот со Русија.

Лавров во интервју за Соловјев каналот на ЈуТјуб истакна дека не сака Русија да се изолира од светот, но оти се подготвени на прекин на односите со ЕУ.

Веруваме дека сме поготвени. Ако уште еднаш видиме, како што досега видовме многу пати, да се воведат санкции во области кои и нанесуваат штета на нашата економија и во најчувствителните области – посочи Лавров.

Тој додаде дека „ако сакате мир, треба да се подготвите за војна“.

Односите меѓу Русија и Западот се влошија по апсењето на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.