Од петок 25 јуни во Германија ќе бидат дозволени посети и туристички патувања за вакцинирани лица од земји надвор од ЕУ, соопшти синоќа (17.06) германското министерство за внатрешни работи. Олеснувањето на мерките најпрво ќе важи само за целосно вакцинирани лица со вакцина одобрена од Европската агенција за лекови (ЕМА), пишува Дојче Веле.

Во моментов, одобрени од ЕМА се вакцините на Бајонтек/Фајзер, Модерна, АстраЗенека и Џонсон и Џонсон. Руската вакцина Спутник V и двете кинески: Синофарм и Синовак засега немаат зелено светло од европската агенција.

Проширувањето на листата со други вакцини со слични стандарди за заштита ќе биде можна кога ќе бидат извршени потребните тестови, соопшти германското МВР. Како целосно вакцинирани лица се сметаат оние кај кои минале 14 дена од примањето на втората доза на вакцината.

За да се спречат измами со вакциналните сертификати, нивната точност ќе ја проверуваат авионските компании и полицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.