Влијанието на пандемијата на Ковид-19 врз глобалната економија ќе биде полошо отколку што првично се очекуваше, соопшти во вторникот германскиот Совет на економски експерти.

Според нив, тоа ќе резултира со најлош пад на германската економија од повторното обединување, но се очекува мало закрепнување во текот на летото, додаде претседателот на Советот, Ларс Фелд.

Експертите сметаат дека германскиот бруто-домашен производ (БДП) годинава ќе се намали за 6,5%, а потоа ќе расте со 4,9% во 2021 година. Сепак, советот предупреди дека заздравувањето е бавно и може да се продолжи и понатаму доколку се зголеми бројот на нови случаи на коронавирус.

Коментарите доаѓаат набргу откако областа Гитерсло во Северна Рајна-Вестфалија го повтори заклучувањето како резултат на ново избувнување на пандемијата. Во меѓувреме, Институтот Роберт Коч забележа остар раст на стапката на репродукција на коронавирусот во Германија.

Кабинетот на канцеларката Ангела Меркел минатата недела донесе дополнителен буџет за финансирање, поттикнувајќи го вкупното ново задолжување до рекордни 218,5 милијарди евра (245,35 милијарди американски долари) оваа година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.