Снабдувањето со гас во Германија е сигурно и покрај тензичната ситуација во Велика Британија и на светскиот пазар.

Залихите во Германија се големи. Германија собра 16 пати повеќе резерви на гас отколку Британија. Складиштата за гас со капацитет од 24,6 милијарди кубни метри се полни речиси 65 проценти, а тој процент расте неделно – изјави портпаролка на германското министерство за економија.

Зголемувањето на цените на природниот гас на големо во Европа предизвика драматична ситуација за производителите на енергија, хемикалии и челик во последните денови и ги закочи синџирите на снабдување кои веќе се во тешкотии поради недостиг на работна сила.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.