Германските компании очекуваат дека нивниот бизнис, по пандемијата на коронави русот, ќе се нормализира во просек за околу 11 месеци.

Истражувањето на економскиот институт ИФО покажува дека компаниите во услужниот сектор очекуваат нивното закрепнување од корона-кризата да трае 11,7 месеци, додека во градежниот сектор очекуваат да трае 11,1 месец, во секторот на мало 10,3 месеци, а во индустријата 10,1 месец.

Пандемијата особено тешко ги погоди туристичките агенции и хотелите кои очекуваат нормализација за 14,6 односно 16 месеци, а закрепнување во секторот за уметноста и забавата би требало да трае најдолго, речиси 18 месеци. Спротивно на тоа, секторот за безбедносни услуги се очекува да закрепне до крајот на оваа година.

Многу компании ги чека долг пат до нормалноста. Откако ќе се укинат сите јавни ограничувања, тие сепак ќе треба да се справат со нивните последици – објаснува истражувачот на ИФО, Клаус Волрабе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.