Германската војска се очекува „наскоро” да воведе задолжителни вакцини против коронавирус за своите припадници, изјави денеска портпарол на Министерството за одбрана, додека земјата се бори со претстојниот четврти бран на пандемијата.

Претставници на Министерството и на армискиот персонал се согласија за време на вчерашните разговори да ја „вклучат вакцината против коронавирус” во списокот на вакцини кои се неопходни за војниците, изјави портпаролот на министерството.

– Иако одредбата сè уште не е официјално потврдена, наскоро се очекува нејзина имплементација, додаде портпаролот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.